Насловна / Архитектура / Во Сиднеј ќе се гради највисоката хибридна дрвена зграда

Во Сиднеј ќе се гради највисоката хибридна дрвена зграда

Софтверскиот гигант „Атласијан“ објави дека неговото ново седиште во Сиднеј ќе биде највисоката хибридна дрвена зграда на светот.

zgrada

Висока 180 метри, таа ќе има 40 спратови и ќе биде изградена од дрвена маса, додека фасадата ќе биде направена од стакло и челик. Покривот ќе биде претворен во отворени градини.

Зградата е проектирана од њујоршки и австралиски архитекти. Таа ќе биде целосно на обновлива енергија, благодарение на соларните панели и прозорците кои сами прават сенка.

zgrada2

При изградбата ќе се користи дрвена маса, за што се вели дека е клучна во намалувањето на јаглеродниот отпечаток што го оставаат зградите. Изградбата треба да почне следната година, со цел зградата да биде готова во 2025.

Наредната година, и холандскиот град Ротердам ќе почне да гради 140 метри висока дрвена кула.

zgrada1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top