Насловна / Вести / Во септември годинава издадени помалку одобренија за градење

Во септември годинава издадени помалку одобренија за градење

Државниот завод за статистика во текот на септември годинава регистрирал намалување на бројот на издадени одобренија за градење на објекти и на станови на територијата на земјава. Во овој период се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2,3 отсто помалку во однос на истиот период од минатата година.

gradenje

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.988.722 илјади денари, што е за три отсто помалку во споредба со септември 2018 година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (57 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11,7 отсто) за објекти од нискоградба и 67 (31,3 отсто) за објекти за реконструкција. Од вкупно 214 објекти, на 140 (65,4 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, додека во останатите објекти ќе вложат деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 176 станови, со вкупна корисна површина од 20.383 метри квадратни.

gradenje1

Бројот на предвидени станови во септември годинава, во споредба со истиот период лани е намалена за 64,4 отсто. Најмногу одобренија за градење на нови станови биле издадени во скопскиот регион, на чија територија во претстојниот период ќе треба да се изградат 63 станови.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top