Насловна / Вести / Новиот изглед на реновираниот студентски дом „Гоце Делчев“

Новиот изглед на реновираниот студентски дом „Гоце Делчев“

слика-15

Некогаш еден од најубавите студентски домови во нашата земја, студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје со години наназад полека се распаѓаше поради негрижа и недоволна посветеност за негово одржување.

Студентите кои што престојуваа во просториите на студентскиот дом беа соочени со мизерни услови на живеење, меѓутоа Министерството за образование и наука покрена постапка за негово реновирање. За сега завршен е проектот за реконструкција и санација на блокот „Б“ каде што променети се старите прозорци, парното греење и лифтовите, се монтира нов функционален мебел кој ќе ги задоволи потребите на студентите, нови санитарии и поставен е безжичен интернет. Се очекува во нареднот период да се распише конкурс за реконструкција на блокот „А“, а подоцна и за блоковите „В“ и „Г“.

слика-1 слика-2 слика-3 слика-4 слика-5 слика-6

,,Мора да се има во предвид фактот дека неопходно е да постои добра организација и паралелно со градежните активности и сместувањето на студентите заради капацитетите. Ние можеме и да го затвориме целиот студентски дом, меѓутоа во тој случај повеќе од 1.300 студенти ќе останат без можност да бидат сместени. Затоа мораме да одиме етапно и со сместување и со реконструирање”, истакна Ристоски.

слика-7 слика-8 слика-9 слика-10

Целосната реставрација на студентскиот дом се очекува да биде завршена кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година.

слика-11 слика-12 слика-13 слика-14

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top