Насловна / Вести / Во Кина автопат над река кој е вистинско градежно чудо

Во Кина автопат над река кој е вистинско градежно чудо

Во Кина е направен автопат кој е вистинско градежно чудо. Автопатот оди по корито на река и нема мостови кои носат од едниот на другиот брег.
Ваков градежен потфат сеуште не е виден во светот, а причината да се гради на овој начин е желбата на кинеските градители да ја следат линијата која ја создала природата и да не ја нарушуваат истата. Изградиен е автопат над реката, што било и економска и еколошка одлука.

kina2
При планирањето на автопатот кој ја поврзува областа Јичанг со централната сообраќајница Г42 во кинеската провинција Чупеј во комбинација биле неколку решенија. Најголем проблем претставувала реката, која има длабоко корито низ планина. Првата опција била копање на тунел, а втората била поврзување на брегот со неколку моста. Но кинезите не се одлучиле ни за едното ни за другото, туки изградиле автопат над реката.

kina1
„Беше многу поскапо и многу подолго решение. Ги фундиравме столбовите речиси пет години, но се исплатеше, можете да видите и сами“, изјавил Зијон Дијан, шефот на проектот.

4.4. километри над вода
Градежните инженери создале армирано бетонска конструкција, која грациозно се протега на столбови долж реката. Од делницата со должина 10.9 километри, 4.4 киометри се над вода. Тоа го скратило времето на возење за 20 минути.

к2
„Проектот чинеше околу 70 милиони долари. Оваа собраќајница ја нарекуваат автопат, и покрај тоа што е јасно дека се работи за пат со две ленти во различна насока“, вели Дансенг Ванг шефот на изградбата.
Патот е опремен со мноштво камери со кои се врши мониторинг на евентуалното загадување на природата, како што е на пример фрлање ѓубре во реката. За претсапниците следува казна во износ од 125 евра.

к1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top