Насловна / Вести / Во Гевгелија отворена депонија изградена по ЕУ стандарди

Во Гевгелија отворена депонија изградена по ЕУ стандарди

Депонијата во Ново Коњско, Гевгелија, која е прва во земјата изградена комплетно по стандарди на Европската унија, е предадена во употреба. Изградбата на депонијата, вредна еден милион американски долари е финансирана од јапонската влада, а проектот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

deponija gevgelija1

Со пуштање во употреба на оваа депонија ќе се затвори сегашната нелегална депонија, која се протега по брегот на Сува Река, чиј капацитет е одамна надминат и претставува сериозна закана за животната средина и здравјето.

“Современата депонија е од клучна важност за нашата општина. Со нејзиното отворање, конечно ќе ги решиме проблемите со цврстиот комунален отпад, а наскоро ќе почнеме да ги гледаме и еколошките придобивки“, вели градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков. Штом ќе почне да работи депонијата, од граѓаните ќе побараме да го сортираат ѓубрето, додаде Поцков.

deponija gevgelija4

Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда смета дека Македонија се соочува со сериозни проблеми со одлагање на отпадот и овој проект претставува пример кој треба да го следат и другите градови и региони, надевајќи се дека оваа современа депонија ќе има клучна улога во идниот систем на интегрирано справување со отпадот на југоистокот на земјата.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Луиза Винтон  вели дека сега Македонија има функционална депонија и очекува земјата да стане ’туристичка атракција’, каде што министри, градоначалници и граѓани можат од прва рака да видат дека депонијата изградена по ЕУ стандарди личи на се, но не на отпад. “Се надеваме дека на овој начин ќе го забрзаме процесот за изградба на петте планирани регионални депонии и исто така сме подготвени да го понудиме нашето искуство како обемната бирократија и прекубројни регулативи можат да се надминат“, вели Винтон.

deponija gevgelija3

Депонијата е дел од поголем проект од 2,2 милиони американски долари, поддржан од јапонската влада, а спроведуван од УНДП како поддршка за општините кои беа најмногу погодени во бегалската криза во 2015-2016 година. Меѓу другите проекти финансирани од јапонската помош беше и реконструкцијата на пумпната станица во Гевгелија, со која двојно се зголеми капацитетот на снабдување на општината со вода за пиење. Исто така се реконструираше и коритото на Липковска река во Куманово, и сите проекти заедно придонесоа подобрување на квалитетот на живот на околу 150.000 жители во овие општини.

deponija gevgelija8

Испрати коментар

Scroll To Top