Насловна / Архитектура / Во Анкара отворена најголемата градска болница во Европа

Во Анкара отворена најголемата градска болница во Европа

Во главниот град на Турција, Анкара вчера се отвори најголемата градска болница во Европа Ankara Bilkent City Hospital и трета болница на свет на која сите единици се изградени во рамки на еден проект. После турските градови Yozgat, Mersin, Isparta, Adana, Kayseri, Elazig, Eskisehir и Manisa, Анкара е деветиот град во Турција кој доби градска болница.

4
Изградбата на болницата е започната во втората половина на 2015 година, а од 7 февруари веќе е отпочнато прифаќањето на пациентите.
Површината на земјиштето каде е сместена болницата е 950.000 квадратни метри, а вкупната површина на целиот болнички кампус е 1.300.000 квадратни метри.

1

Болницата на дневно ниво може да прими 30.000 пациенти, а во нејзин состав се наоѓа и медицински кампус. Ankara Bilkent City Hospital има 904 болнички соби, единица на интензивна нега со 674 кревети и 131 операцини сали во кои дневно можат да се направат преку 600 операции. Во болницата има 12 илјади вработени. Проектанти на објектот се Astaldi Group во партнерство со Studio Altieri, а главен изведувач CCN Construction.

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top