Насловна / Вести / Во Албанија ќе се спроведе енергетска реконструкција на 745.000 објекти

Во Албанија ќе се спроведе енергетска реконструкција на 745.000 објекти

Со цел да се подобри енергетската ефикасност и да се постигне нулта емисија на стакленичките гасови до 2050 година, албанската влада планира реконструкција на 745.000 објекти низ целата држава. Вкупната површина на овие објекти изнесува дури 60 милиони m2. Законот за енергетски карактеристики на згради веќе го мина првиот филтер во собранието и истиот е во согласност со националните цели и обврските на земјата во склоп на процесот на интеграција во ЕУ.

Албанија забрзано работи и на изградбата на нови капацитети во обновливи извори на енергија, со амбиција да стане извозник на енергија во регионот. Инаку, Албанија веќе има одобрено соларни електрани со моќност од 603 MW, додека 1950 MW се во процес на одобрување. Сериозен напредок за земјата која не така одамна се соочуваше со рестрикции на електрична енергија и бројни политички проблеми.

Испрати коментар

Scroll To Top