Насловна / Вести / Влошена финансиската состојба во албанското елекстростопанство

Влошена финансиската состојба во албанското елекстростопанство

Енергетската криза, во која се најде Албанија поради минималното домашно производство и неповолната хидрологија, ја влоши финансиската состојба во албанското елекстростопанство.

Албанската државна компанија за електрична енергија КЕШ соопшти дека во првото полугодие од годинава евидентирала загуба во износ од 328,5 милиони леки или околу три милиони долари.albania

– Ова е првпат по неколку години да бележиме загуба. Во изминатите две години годишната добивка на КЕШ се движеше од седум до 10 милиони долари, што се должеше на извозот како резултат на максималното производство на електрична енергија, соопштија од компанијата.

Официјалните податоци потврдуваат дека во првото полугодие од годинава, прозводството на електрична енергија е за 26 проценти помало, што значително ги намали приходите на КЕШ како најголем производител во земјата.

Од друга страна, компанијата продолжи со подмирување на каматите на кредитите земени во изминатите години. Така, во овој извештаен период КЕШ платил околу осум милиони долари на име камати за долговите кон банките и други финансиски институции.

КЕШ не е единствена јавна компанија погодена од енергетската криза. И албанската Електродистрибуција поради високите трошоци за увоз на струја забележала значителен пад на добивка во првите шест месеци од годинава.

Ваквата ситуација ја принуди Владата со ребалансот на буџетот да издвои дополнителни три милијарди леки за енергетскиот сектор.

Испрати коментар

Scroll To Top