Насловна / Вести / Промоција на книга „Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ на д-р Петар Николовски

Промоција на книга „Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ на д-р Петар Николовски

Во понеделник (18 септември) во хотел „Континентал“, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на најновата книга на д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. , насловена како „КАТАЛОГ НА ЛИНЕАРНИ ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ ВО ЗГРАДИ ВО СЕИЗМИЧКИ РЕГИОНИ“.termografija

Книгата претставува практична алатка за студенти, проектанти (архитекти и инженери), изведувачи и контролори – специјалисти при проектирање на нови и преглед и оценка на постојни згради од областа на енергетската ефикасност во градежништвото.

Модератор на промоцијата ќе биде: проф. д-р Миле Димитровски, претседател на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р.М, а промотори на книгата ќе бидат професори и експерти од Бугарија и Македонија.

Книгата е во издание на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top