Насловна / Вести / Високотехнолошка дупчалка со ласер и екран на допир

Високотехнолошка дупчалка со ласер и екран на допир

Електричните и батериски дупчалки се неодминлив градежен алат. Стартап компанијата од Ванкувер, Robbox Inc., направила дупчалка со високотехнолошки карактеристики – xDrill. На задниот дел од дупчалката се наоѓа екран осетлив на допир. Тоа им овозможува на корисниците однапред да ја зададат длабочината на отворот, а со помош на вградениот ласер, алатот застанува во моментот кога ќе се постигне бараната длабочина. На екранот корисниците имаат избор на материјали (дрво, пластика, месинг и сл.), при што xDrill автоматски бира оптимална брзина/вртежен момент во зависност од материјалот. Овој избор зависи и од димензиите на бургијата. Дупчалката xDrill има два ласери. Едниот може да се насочи кон напред или да се заврти за 90 степени, со цел насочување на било која страна. Во последната верзија работи со ласер поставен надолу за мерење на оддалеченоста од соседниот ѕид, осносно од подот.  И секако, тука е и iOS/Android апликацијата. Таа им овозможува на корисниците да ги сочуваат мерењата, да ја заклучи доколку некој ја украде, да постави кориснички профил и да ги следи податоците за употребата. Исто така има и евиденција за тоа колку пати алатот бил испуштен. xDrill тежи околу 1,5kg, а едно 45 минутно полнење на литиумската батерија од 21 V, е доволно за два до три часа стандардна употреба.

xdrill1

xdrill2

xdrill3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top