Насловна / Вести / Виена: Ладење на еколошки одржлив начин

Виена: Ладење на еколошки одржлив начин

Главниот град на Австрија во последните неколку години  се соочува со  невообичаено високи летни температури и поради климатските промени има значително повеќе топли денови со температура над 30 степени. Покрај многубројните мерки за ладење на т.н урбани топли острови, еколошки прифатливата климатизација стана императив. Стручњаците предвидуваат дека за околу 20 години ќе биде потребна подеднаква енергија за ладење како и за греење. Виенското претпријатие за снабдување со енергија  “Wien Energie”  управува со систем за далечинско ладење уште од 2007 година и масовно го зголемува капацитетот за ладење со годишна стапка од 10 до 15%.  Со користење пак на отпадна топлина за погон на системот за ладење (абсорпциони постројки), годишно се заштедува околу 50% на јаглерод диоксид споредено со конвенционалните системи за ладење каде за погон на ладилната машина се користи електрична енергија. Во Виена во моментот има 16 постројки кои го опслужуваат системот з адалечинско греење.  “Wien Energie” ги снабдува потрошувачите ширум градот со вкупен капацитет за ладење од 130MW. Тоа одговара на капацитет за ладење на површина од  2.500.000 m². Во наредните 5 гоини планирани се инвестиции од 65 милиони евра за понатамошно зголемување на инсталираниот конзум.

kaltezentrale1

kaltezentrale2

kaltezentrale3

kaltezentrale4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top