Насловна / Вести / Виена добива јавен превоз на водород

Виена добива јавен превоз на водород

Флотата на возила ан електричен погон на виенскиот јавен превозник Wiener Linien е во постојан пораст, а од неодамна патниците се возат и на водород. Се работи за возило на производителот  Solaris,  модел Urbino 12 hydrogen,  кој  сообраќа на линијата  39A. Планот е до 2023 година, во јавниот градски превоз да има десет автобуси на водород. За тоа е потребна и соодветна инфраструктура. Резервоарот од 35 килограми водород се полни за 12 минути, а со едно полнење може да се минат 400 километри. Набавката на водород му е доверена на претпријатието Wien Energie, кое во моментот работи на истражувања поврзани со производство на „зелен“  водород.  Најдоцна во 2027 година, Wiener Linien би требало да располага со флота од вкупно 82 автобуси на алтернативен погон. Во потребната инфраструктура претпријатието ќе вложи  90 милиони евра.

linien2

linien1

Испрати коментар

Scroll To Top