Насловна / Вести / Verizon планира да го купи Yahoo

Verizon планира да го купи Yahoo

Американскиот телекомуникациски гигант Verizon планира да му понуди за основно интернет работење на Yahoo три милијарди долари, додека Yahoo има намера да продаде околу 3.000 патенти, пишува Wall Street Journal (WSJ).
Повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, WSJ објави дека се очекува Verizon да ја даде понудата во вториот круг од натпреварот. Се очекува и трет круг од натпреварот, пишува во извештајот.jahooverizon
Verizon, кој го поседува AOL, е еден од водечките кандидати за преземање на Yahoo, откако други звучни компании наводно се откажале.
Yahoo, интернет пионерот што загуби во трката со конкурентите како  Google и Facebook, порача дека размислува за продажба заради одржување на растот, со акцент на мобилните корисници.
Извршната директорка на Yahoo Мариса Маер досега не успеа да ја оживее компанијата која во февруари најави кастрење на 15 отсто од работните места и стеснување на својот фокус.

Испрати коментар

Scroll To Top