Насловна / Вести / Велика Британија: Со амбициозна електромобилност до нови работни места и раст на БДП

Велика Британија: Со амбициозна електромобилност до нови работни места и раст на БДП

Забраната за продажба на нови автомобили со мотори на бензин и дизел, како и лесни комерцијални возила на хибриден погон, во Обединетото Кралство до 2030 година, би можела да креира 32.000 нови работни места и да го зголеми БДП за 0,2% или 4,2 милијарди фунти. Ова се наведува во извештајот „Влијание на постепеното укинување на моторите со внатрешно согорување до 2030 година во Обединетото Кралство“, кој е објавен од страна на компанијата за економско советување Cambridge Econometrics. Поголемата вработеност и повисокото ниво на економска активност од преминот на електромобилност, ќе и обезбедат на тамошната влада за 1,9 милијарди фунти повисоки приходи до 2030 година.

uk2

 

Овој извештај кој Cambridge Econometrics го напиша со поддршка на компанијата за енергетско советување Element Energy, а во име на организацијата Greenpeace од Велика Британија, го ублажува стравот од тоа дека пораната забрана за користење на автомобилите со мотори со внатрешно согорување (до 2030 година наместо до 2035 или подоцна), негативно ќе влијае на бројот на работни места или врз економијата генерално. Напротив, според оваа анализа, поамбициозниот премин кон електромобилноста носи поголеми бенефити за економијата, соопштуваат од Cambridge Econometrics. „Нашата анализа јасно покажува како забрзувањето на процесот на укинување на моторите со внатрешно согорување, што ќе биде проследено и со намалување на потрошувачката на фосилни горива, ќе може да резултира во креирање на нови работни места и сет на економски активности, истовремено помагајќи и на земјата да ги постигне своите цели во однос на намалувањето на емисиите“, изјавил Jon Stenning, помошник директор на Cambridge Econometricsa.

„Потребно е цврсто да се обврземе на забрана на користењето на патнички автомобили и комерцијални возила кои ја загадуваат околината до 2030 година, со активна индустриска стратегија која го јакне производството, но и поддршка за работниците во нивната преквалификација“ велат од Greenpeace во Велика Британија.

uk3

 

Испрати коментар

Scroll To Top