Насловна / Вести / Велика Британија: Прв комерцијален лет на индустриски отпадни гасови

Велика Британија: Прв комерцијален лет на индустриски отпадни гасови

На 03.10.2018 година, успешно е реализиран еден необичен лет. Авионот на компанијата Virgin Atlantic слета на аеродромот Гетвик во Лондон, а она што го разликува од секој друг воздухоплов што слетал тој ден е неговото гориво. Boеing 747 го задвижува мешавина од стандардно млазно гориво со биогориво произведено од етанол. Дополнително, етанолот е добиен од индустриски отпадни гасови, и за почеток неговиот удел во резервоарите на авионот бил 5%. Се настојува во наредниот период овој удел да достигне 50%. Производител на еколошкото гориво е американската компанија LanzaTech  која тврди дека со залихи од етанол може да снабдува петтина од постоечката авио-флота и дека „озеленувањето“ на авио сообраќајот би резултирало во 65% пониски емисии на гасови со ефект на стаклена градина.

Почетната точка на овој лет бил градот Орландо во Флорида, САД, а во одборот за пречек на лондонскиот аеродром беил и основачот на Virgin Atlantic, Ричард Бренсон.

Virgin1

virgin2

virgin4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top