Насловна / Архитектура / Велика Британија не успева да го намали родовиот јаз во платите за архитектите

Велика Британија не успева да го намали родовиот јаз во платите за архитектите

Разликата во платите помеѓу половите за која известуваат 10 најдобри британски архитектонски компании е зголемена од последното објавување на податоците пред една година.

Најновите бројки покажуваат дека жените вработени во 10-те најголеми фирми обично биле платени 15 отсто помалку од мажите од 5 април 2023 година.

Ова е истиот несразмер што постоеше една година порано, и повисок од јазот од 14 отсто во 2021 година, што укажува на јасен недостаток на напредок во родната еднаквоста на приходите за архитектите.

Од 10-те практики што ги анализирало списанието Architects’ Journal (AJ), најголема разлика имало во платите со просечна плата по час за жените 20 отсто пониска отколку за мажите.

Во две компании со најдобри приходи во 2022 година забележано е најголемо зголемување на родовата разлика во платите. Разликата од 10,5 отсто во Foster + Partners пораснала на 14,4 отсто во 2023 година, додека јазот во Hawkins\Brown од 8,2 отсто пораснал на 12,9 отсто.

Директорката на Studio Berman Architects, Zoe Berman, која ја основаше акционата група за еднаквост Part W, вели дека ниските плати најмногу ги погодуваат малцинските групи и жените.

„За да ја согледаме неправдата во правичноста на платите, треба да ги погледнеме накнадите за архитекти. Ове е еден те ист проблем. Од година во година, RIBA известува за исплатените плати, но тоа едноставно само ја одразува лошата ситуација, без да преземе ништо за да се справи со состојбата“, вели Berman и додава: „Фер платите ќе донесе позитивна корист за жените, недоволно застапените групи, самохраните родители и оние со различни потреби. За возврат, правичните плати ќе обезбедат повеќе жени да можат да си дозволат и да се приклучат и да останат во секторот“.

Во меѓувреме, RIBA го намали сопствениот јаз во платите меѓу половите, известувајќи за 9,3 отсто разлика во 2023 година, што е намалување од 15,1 отсто една година порано.

Испрати коментар

Scroll To Top