Насловна / Вести / Ванчо Чифлиганец добитник на Наградата за индивидуален филантроп за 2013 година во Македонија

Ванчо Чифлиганец добитник на Наградата за индивидуален филантроп за 2013 година во Македонија

d-r cifliganec so nagradata i menagmentot na adora inzenering003

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. директор на Адора Инженеринг ја доби Наградата за индивидуален филантроп за 2013 година во Македонија од Центарот за институционален развој ЦИРа, што деновиве во Скопје ги додели традиционалните награди за филантропија и општествена одговорност, со кои им се оддава признание и благодарност на поединци и претпријатија за добрите дела за општестевото и се слави хуманоста и човекољубието.d-r cifliganec so nagradata i menagmentot na adora inzenering005

„Филантропијата не е нешто што се учи и таа кај мене потекнува од солидарноста и помошта од страна на општеството, што самиот сум ги почувствувал и благодарение на што сум се образувал и развил професионално и како личност во животот. Со долгорочните  општествено одговорни проекти за вложувањата во сите општини каде Адора Инженеринг гради објекти, оставаме вредни и корисни дела, меѓу кои се православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје и спомен-обележјето за Богојавление-Водици „Фаќач на крст“ во Балканскиот Ерусалим-Охрид, што годинава ги подарив на Македонија и на македонскиот народ. Мојата и наша корпоративна цел е заедно да изградиме поубаво, поздраво и посреќно место за живеење со попроспериотетна иднина за нас и идните генерации“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој по добивањето на наградата за индивидуален филантроп за 2013-та во Македонија, најави формирање на своја фондација.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора Инженеринг досега  имаат добиено 12 национални награди за најдобри општествено одговорни практики и филантропја и три високи европски награди за успешно и квалитетно работење и за социјална одговорност.

Испрати коментар

Scroll To Top