Насловна / Архитектура / Глобални теми од архитектонската мисла

Глобални теми од архитектонската мисла

berlin_5

Берлин го карактеризира контраверзија и контрадикција која потекнува од целата историска тежина со која се носи градот. Денес, иако сè уште распнат помеѓу две спротивности, неретко се споменува во различна алтернативна и прогресивна мисла. Градот е едно од ретките места во кое луѓето што се занимаваат со каква било крeативна дејност се пронаоѓаат и никогаш повеќе не сакаат да го напуштат. Од крајно затворен град со демографски пад, денес е интернационален центар кој брои 3,4 милиони жители, што го прави втор по големина во Европа. Германија е една од технолошки најразвиените земји, а доживувањето во нејзиниот главен casino online град има сè, освен типичен германски дух кој не асоцира на совршен ред.

berlin_2

Во таа симбиоза на секојдневни случувања од светот на уметноста, во периодот од 23 октомври до 2 ноември се одржа 24. средба на европски студенти по архитектура – INCM14 (International National Contact Meeting). На средбата активно учествуваа и македонските претставници Анастасија Спасовска и Наталија Зафироска, студенти во петта година при државниот факултет. berlin_4

Целта на оваа средба, на која беа повеќе од стотина учесници, покрај дискутирањето на глобални теми од архитектонската мисла и современото творештво, беше изборот на местото каде ќе се одржува наредната EASA (European Assembly for Students of Architecture). Во битката вообичаено учествуваат две земји кои излагаат со свои предлози за тоа како планираат да го организираат двонеделниот камп и како би ги спровеле архитектонските работилници на него. Преку долга неколкудневна дискусија, по пат на консензус, конечно се прогласи победничкиот тим на Литванија, која ќе биде домаќин на EASA 2016.berlin_3

Испрати коментар

Scroll To Top