Насловна / Арт и дизајн / Утре во Музејот на град Скопје „Споменар на историски места од НОБ во Скопје“

Утре во Музејот на град Скопје „Споменар на историски места од НОБ во Скопје“

Музејот на град Скопје во пресрет на големиот празник 13 Ноември – денот на ослободувањето на градот Скопје ја подготви изложбата „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945). Со изложбата се одбележува и јубилејот 80 години од почетокот на Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија.

По повод празникот на градот, во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија, во Музејот ќе се отвори и изложбата „Скопска градска општина“.

Отворањето на изложбите ќе биде на 12 ноември, петок во 12:00 часот во Музејот на град Скопје.

Pokana (Muzej na grad Skopje)_resize

Испрати коментар

Scroll To Top