Насловна / Арт и дизајн / Утре средба со уметникот Рубенс Корубин

Утре средба со уметникот Рубенс Корубин

По гламурозното отворање на изложбата „Ателје, радоста на сликањето“ во Чифте амам и големиот интерес за истата, Националната галерија на Македонија најавува средба со уметникот.

руб
Во објектот Чифте амам, на 16ти октомври 2019 година во 10 часот, авторот на изложбата „Ателје, радоста на сликањето“, професорот Рубенс Корубин ќе одржи предавање. Предавањето ќе биде извонредна можност ликовната јавност да се запознае со ликовното творештво на Рубенс Корубин преку непосредна средба со авторот.

5
Да потсетиме дека на изложбата се прикажани вкупно 80-ина дела во сопственост на авторот, дел од неговата лична колекција, работени во техника акрилик на платно, масло на платно и комбинирана техника, настанати во последните неколку години, како и постари дела, правејќи на овој начин своевиден ретроспективен пресек на неговото творештво, а во контекст на Јубилејот со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.

3
Рубенс Корубин веќе долг низ на години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата. Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top