Насловна / Вести / Утре акција за собирање пластичeн отпад во Велес

Утре акција за собирање пластичeн отпад во Велес

Дали знаете дека со рециклирање на едно пластично шише се заштедува енергија за една сијалица од 60 вати да работи шест часа? Со еден тон рециклирани шишиња (20.000 шишиња) се заштедува енергија колку што трошат две лица во текот на една година (околу 5.700 киловати) и количина на вода што би ја користел еден човек за време од два месеца. Сепак, мал процент од пластиката во Македонија се рециклира. Од речиси 14.000 тони пластика што се создава годишно на пазарот, се рециклираат само 19 проценти (околу 2.600 тони).

Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес, во соработка со Институтот за комуникациски студии, а во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, во среда (26 јуни), со почеток во 10 часот, ќе одржат еко-акции за собирање на ПЕТ амбалажа на неколку локации во централното градско подрачје на Велес. Активисти на „Вила Зора“ ќе ги чистат деловите на градот кадешто има поставено контејнери наменети за ПЕТ амбалажа и ќе делат платнени торби за собирање пластични шишиња на граѓаните.

Настанот има еколошка и едукативна цел. Рециклираната ПЕТ пластика се користи како суровина за правење шишиња и садови за пакување, а може да се конвертира во влакна, ткаенини, хартија за пакување, дури и за производство на автомоблиски делови. Со рециклирањето се намалуваат количините на пластика на депониите и загадувањето на почвата, подземните води и загадувањето на воздухот.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Лица за контакт:
Ненад Коциќ, ЕД „Вила Зора“ – nenadkocic@yahoo.co.uk; 070 606 069
Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии – dandonov@iks.edu.mk; 071 317 661

banner-okolina-300x250

Испрати коментар

Scroll To Top