Насловна / Вести / Уставниот Суд ја потврди законитоста при носењето на ДУП И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар

Уставниот Суд ја потврди законитоста при носењето на ДУП И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар

Вчера Уставниот Суд на РСМ донесе Одлука со која ја потврди законитоста при носењето на ДУП- Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар и донесено е Решение со кое се одредува дека нема да се поведе постапка на Одлуката на Советот на Општина Центар бр.08-2925/6 од 11.6.2019 година.

Со ова се отфрла Иницијативата поднесена од „ССИ Инвестмент“ ДООЕЛ Скопје.

Еден месец по донесување на овој ДУП, со кои се намалува катноста на зграда на улицата „11 Октомври“, „ССИ Инвестмент“ ДООЕЛ Скопје, поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на планот, со која бараше да биде поништен Деталниот урбанистички план „Даре Џамбаз“ од мај 2019 година, кој беше под мораториум и по постапување по забелешките од истиот ревидиран.

?????

Овој план го опфаќа простор спроти осигурителната компанија „Кјуби“, зградите каде што порано беше сместен „Интеримпекс“ и околу основното училиште „Димитар Миладинов“. Со предходниот ДУП, донесен на 6 август 2012 година се предвидуваше зголемување на катноста за плус шест ката на зградата каде што е сместена фирмата за обезбедување „СГС“. Овој објект е во сопственост на градежната фирма „ССИ Инвестмент“. Станува збор за делот кој сега има два ката и се наоѓа меѓу двете кули. Со предходниот план се овозможуваше и овој објект да биде со висина на двете кули кои се буквално залепени до него. Со зголемување на висината на станарите од кулите ќе им се затвораа прозорците од становите кои се орјентирани кон понискиот дел.

c4

Со новиот ДУП од мај 2019 година предвидено е објектите да ја задржат постојнат состојба. Предходниот ДУП е изработен од планерската куќа ИНПУМА, а истата постапи по забелешките и го изработи новиот план.

Постапката која претходеше на донесувањето на оспорената Одлука е спроведена согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје и Законот за просторно и урбанистичко планирање.

„Би сакал да ја информирам јавноста дека подносителот на Иницијативата го поднел известувањето за јавна анкета надвор од предвидените законски рамки, додека Општина Центар во меѓувреме ја има завршено постапката согласно Законот пред надлежните органи од Министерството за транспорт и врски и Град Скопје за добивање позитивно мислење за ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз“ – изјави градоначалникот Богдановиќ.

bg

Од Општина Центар соопштуваат дека со донесување на Деталните урбанистички планови во 2012-та година не се почитувани  стандардите и нормативите за урбанистичко планирање и на тој начин е оштетен јавниот интерес, како главен постулат на кои се засновани Деталните урбанистички планови во Општина Центар. Со непочитување на стечените права и зголемување на катноста, на места каде не треба да постојат 8 ката, била предвидена надградба со која се дозволувала градба на повеќе од 8 ката.  На овој начин директно е причинета штета на постоечките права, како и основните стандарди за обезбедување квалитетен живот на центарци. Успешното спроведување и донесување на нови и ревидирани ДУП-ви кои произлегуваат од таканаречениот мораториум на градби, Општина Центар ќе продолжи да го спроведува, се’ со цел да се донесат подобри планови за жителите.

Со вчерашната Одлука на 12-тата седница на која присуствуваше и градоначалникот Саша Богдановиќ, Уставниот Суд на РСМ ја потврди Одлуката на Советот на Општина Центар и состојбата на објектите од ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз, што значи дека објектите во овој опфат ќе останат во постоечка состојба, односно нема да се зголемува нивната катност.

Испрати коментар

Scroll To Top