Насловна / Вести / Унгарска компанија, прв производител на соларни плочници за домаќинства

Унгарска компанија, прв производител на соларни плочници за домаќинства

Platio е иновативна компанија со фокус на чистите технологии, основана во 2015 во Будимпешта. Со цел создавање на одржливи урбани површини, тимот осмислил соларни панели кои се вградуваат на плочници.  „Наменети се за градовите, компаниите, но и за приватните домови.  Изведени се во црна, зелена, црвена и сина боја и естетески се попривлечна замена за стандардните соларни единици на покривите од објектите“, тврди компанијата.  Platio е првиот производител кој на своите клиенти им овозможува намалување на јаглеродниот отпечаток и зголемување на енергетската ефикасност на своите домови. Тие само треба да одлучат каде ќе ја постават својата мала електрана – на терасата или во дворот. Како и кај стандардните постројки од овој тип, корисниците имаат прилика да го испорачуваат вишокот енергија во мрежа. Секој панел е изработен од 400 рециклирани пластични шишиња и поиздржлив е од бетонот. Инсталирањето е брзо и ефикасно, а векот на експлоатација е проценет на околу 20 години. Ќелиите се обложени со цврсто стакло, а ја издржува и тежината на автомобил.

patio1

patio2

 

Испрати коментар

Scroll To Top