Насловна / Вести / Удобна Google канцеларија во Париз

Удобна Google канцеларија во Париз

Студиото Elodie Ricord Studio и агенцијата Uzik Agency тесно соработувале за да дизајнираат простор за нова канцелариjа на Google во парискиот кварт Saint Lazare.

3_resize

300 квадратни метри се поделени во две области – Ателје (L’Atelier) кое нуди простор за конференции, приватни настани и обука за ВИП клиенти, мал салон за пауза за кафе, додека работилницата е целосно посветена на релаксација. Предвидена е и кафетерија и поголем салон- библиотека.

5_resize

„На Google му беше потребно гостољубиво, друштвено, топло, културно место инспирирано од природата“, објаснува Ricord. „Така овде се појави салон-библиотека, нејзиниот распоред е да биде отворена со мноштво мали, но симпатични и оригинални предмети кои создаваат безгрижна и опуштена атмосфера како да сте дома.“ Таа објаснува дека изборот на станбено-животно опкружување е со цел да се реплицира „слободата на изразувањето, креативноста и иновативноста“ што толку често се одвива во приватноста на интимните простори.

Ентериерот повеќе потестува на дом со тапациран мебел, пријатна атмосфера и удобни места за опуштање, каде може да се одмара од работниот процес со шоља кафе.

6_resize

Пространиот салон со фотелји и полици за книги завзема речиси половина од вкупната канцелариска површина, околу 120 квадратни метри. Ѕидовите се обоени во смирена зелена боја и придонесуваат на одморот и опуштањето.

4_resize

2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top