Насловна / Вести / Убавината на модуларниот дизајн

Убавината на модуларниот дизајн

Рационално организиран распоред овозможува секој кубен сантиметар простор целосно да се експлоатира. Во оваа смисла, модуларноста прави значајни истражувања во дизајнот. Уште од шеесеттите години на минатиот век, визионерскиот пристап е пренесен на темата на модуларност, ги поместува границите и оди подалеку од модернистичкиот поим за крут систем. Денес, бесконечните можности за маневрирање дозволени со модуларен пристап кон дизајнот резултираат со форми кои се многу интересни.

1. Cubtt
Системот се состои од голем број модули со различни големини кои можат да одговорат на различните потреби за складирање.

cubit

2. LogoLinea
Благодарение на суспендирани страни, оваа библиотека дизајнирана од Daniele Logo, создава композиции на ѕидот кои лесно се прилагодуваат. На корисникот му даваат слобода да креира форми без структурни ограничувања.

logo

3. Lucy by Lucy Kurrein
Модуларен повеќенаменски тросед именуван по својот креатор ги разбива бариерите помеѓу канцеларијата и домот. Оваа софа ги комбинира удобноста и структурата.

lucy

4. On the rocks
Нудејќи максимална модуларност овој дизајн на Francesko Binfare ги користи основните геометриски принципи со голема слобода и имагинација. Се состои од четири седишта во различни форми и два наслона кои можат да се постават по желба.

rocks

5. Cavalletto
Систем дизајниран од Angelo Mangiarotti во 1953. се карактеризира со модуларни елементи како наопаку свртена буквата „V”, кои се редат со употреба на едноставни зглобови.

vv

6. Партицирање на просторот
Со овој дизајн Zanon Architetti Associati се осврнале на рационализација на просторот. Елементите се со минималистички форми кои се комбинираат заедно, создавајќи вертикални и хоризонтални површини кои одговараат на различни функционални барања.

particija

7. Selecta
Замислен од Lema во 1978. модуларниот системот Selecta е применет на библиотека која дава низа на бесконечен број можности.

lema

8. 606 универзален систем на полици
Безвременски дизајн на Dider Rams за De Padova е систем на полици комплетно од алуминиум кои се користат за различни намени и во домот и во деловниот простор.

606

9. Минимален простор на Bruno Munari
Легендарниот дизајн создаден од Bruno Munari во 1971. Abitacolo е модул во кој може да се живее, кој е замислен да ги задоволи сите потреби на младите луѓе во мал простор.

bruno_m

10. String
Системот String дизајниран 1949. од Nils Stringing се смета за класичен скандинавски дизајн. String е систем на решетка и полици кој нуди речиси бесконачна можност на комбинации.

string

Испрати коментар

Scroll To Top