Насловна / Архитектура / Убави објекти се градат и надвор од Скопје

Убави објекти се градат и надвор од Скопје

_DSC2457

По неколку години градба и во тешки економски услови се изгради новиот театар во Велес, кој е еден од најмодерните во нашата земја и е работен според светски стандарди за ваков вид објекти. Автори се архитектите Илија Стојчевски и Моника Стојчевска._DSC2452

Во времето на Google и на пребрзиот Интернет, многу информации ни стануваат подостапни, ни се менува полека и начинот на размислување! Иако информациите ни доаѓаат дома, преку нашите компјутери или мобилни телефони, некои работи поминуваат покрај нас без да бидат забележани или без да им се посвети доволно внимание. Вниманието на обичните луѓе, но и на нас архитектите, како да е свртено кон објектите што се изведуваат во Скопје. Ако нема некаков повод, како доделувањето на годишната награда за архитектура, нема да забележиме дека и надвор од Скопје се гради и дека се создаваат навистина добри и современи објекти._DSC2442

Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ се наоѓа на улицата „Благој Ѓорев“, во непосредна близина на Младинскиот парк. Изграден е на локација од 3.543 м2 со бруто површина на градба од 1.764 м2. Како и повеќето објекти во градот, и театарот е изграден на терен во пад, во правец југ – север. Локацијата за градба на театарот се протега во еден тесен урбан појас и заради тоа објектот е поставен непосредно до улицата од која го дели тротоар со ширина од 2,50 метри. _DSC2448

Влезот во театарот е од аголот на објектот. Влезот е нагласен со ротонда и купола над неа. Службениот влез за вработените како и пристапот кон економскиот влез се од сервисната улица која го обиколува објектот.

Presek

Волуменот на објектот ја следи конфигурацијата на теренот создавајќи функционална архитектонска композиција. Функциите на театарот се развиваат на пет нивоа: визба, сутерен, приземје, први и втори кат. На приземјето се наоѓаат театарското фоаје со билетарницата, гардеробите и скалите. Тука е сместено и гледалиштето кое има 292 седишта. Малата сцена е со капацитет од 102 седишта. Тука се сместени и сите придружни функции за успешно функционирање на еден современ театар, како гримиорни, гардероби за глумци, репетициона сала, санитарии и комуникации.

_DSC2462

На првиот кат на кој се доаѓа преку скали од фоајето се сместени две ложи и галерија со 60 седишта, гримиорни, кафе кујна и канцеларии за вработените. На овој кат се наоѓаат и три апартмани до кои се доаѓа преку посебен влез и скали. Апартманите се поврзани со интерна врска со останатите простории на театарот. На вториот кат се наоѓаат кабините за тон и светло, машинската сала, соби за електрика и помошни простории.Prizemje Kat

Во сутеренот се наоѓаат тоалетите за публика, бифето, кројачницата и пералната, потсценскиот простор, оркестрата, столарската работилница и други помошни простории. Во визбата се сместени гардеробите за помошните служби, работилници, агрегатите, котлара и резервоар за гориво._DSC2425

Многу појавни облици го заменија единствениот модел на театарот каков што го знаевме. Поимањето за театарот денес нема повеќе единствено значење, туку за секоја конкретна ситуација означува систем на ставови кои се крајно субјективни, важат само за тој момент и не можат да се воопштуваат. Градењето на архитектонската структура мора да се приспособува кон новите тенденции на театарот и театарската претстава. Ниту за архитектите ниту за архитектурата на театарската зграда во целина нема друго решение, туку за секој поединечен проект, за секоја поединечна тетарска куќа, да си постават себеси и на сите околу нив стотина прашања; за театарот, за општеството, за моралот и естетиката, економијата и театарската технологија, прашања за архитектурата.fasada 2 Fasada

Во театарот, како и во градењето, се чини барем засега, како да поминало времето на далекусежните, божемни видовити прогнози. Преостанаа само уште мали предвидувања на пократки рокови.

_DSC2439 _DSC2422 _DSC2441 _DSC2426

Во денешниве времиња, можеби е најпаметно при проектирањето на театарски згради да се тргне од наједноставното: да се зачува она што се има и што е сè уште прифатено како општа вредност! Тоа несомнено може да се примени и на сè она што спаѓа во културно наследство кое на архитектурата ѝ го оставил театарот на дваесеттиот век – пред сè на идејата за простор и просторни односи на сцената и гледалиштето._DSC2430 _DSC2434 _DSC2437

Проектантите на тетарот во Велес го направиле токму тоа. Ги зачувале вредностите на театарот на дваесеттиот век со сите негови вредности, а градот Велес, кој има долга театарска традиција и добра театарска публика, доби навистина извонреден театарски објект._DSC2451_DSC2456 _DSC2460

Факти за театарот „Јордан Хаџи Констатинов – Џинот“, Велес

Локација: улица Благој Ѓорев бб – Велес

Автори: архитект Илија Стојчевски и архитект Моника Стојчевска

Инвеститор: Министерство за култура на Република Македонија

Еден коментар

  1. Nekoj si decko

    A izvinete zasto cel proekt Sk 2014 ne e graden vo vakov moderen stil, tuku vo klupiot rok-barok…zasto vakvi dobri arhitekti ne se angaziraat…tuku debili…?!?!??!?

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top