Насловна / Вести / Трендсетери на лизгачките системи – Рrofine

Трендсетери на лизгачките системи – Рrofine

Побарувачката за лизгачки системи постојано расте. Покрај популарните премиум подигачки лизгачки врати PremiDoor 76 и PremiDoor 88, Рrofine сега ви претставува два нови модели:

PremiSlide 76 – компактен, ефикасен и разновиден лизгачки систем и

PremiFold 76 – еден посебен лизгачки систем.

PremiSlide 76

Со овој производ ви нудиме идеален додаток на нашите премиум подигачко лизгачки врати – робустен, силен, компактен, ефикасен и разновиден систем за изработка на лизгачки прозорци и врати. Новостите се засновани на нашата платформа од 76 mm во верзија на странични дихтунзи и со тоа му нуди на производителот високо ниво на компатибилност. Погоден лизгачки систем, кој комбинира бројни предности, како што е мало зафаќање на просторот при отворање, и отворање без напор. Отворањето овозможува изразено ефективна вентилација, а стаклените површини се грижат за оптимална добивка на соларна енергија. Uf -вредноста од 1,4 W/(m²K) во стандардна изведба и Uw–вредноста до  0,7 W/(m²K) се одлични вредности за лизгачките системи. Периферно компресираниот дихтунг го прави системот совршен. Што се однесува до дизајнот, PremiSlide 76 е сестран, бидејќи конструктивните шеми се засноваат на подигачко-лизгачките врати, како што е PremiDoor 76. Еднакво исто, нуди широк спектар на бои во декор на дрво и металик фолии, вклучувајќи ја и AluClip варијантата. Сè е достапно за индивидуализиран дизајн. Ексклузивно за PremiSlide76, на располагање е оковот Eco Slide со прилагодливите елементи за конструкција, специјално развиен од произведувачот на окови Siegenia.

Trendseteri kliznih sistema - klizni sistemi profine grupe (1)_resize

PremiFold 76

PremiFold 76, е посебен лизгачки систем за прозорци и врати, и најнов во долгата линија на иновација на нашите лизгачки системи. Системот доаѓа со посебни апликации. Главниот плус на системот PremiFold 76 е начинот на кој прозорците и вратите може да се отворат, како би се максимизирало проветрувањето без загрозување на сигурноста. PremiFold 76 може да се користи за многу големи отвори. Вашиот дом или работен објект може да го добие вашиот индивидуален карактер со широк спектар на декоративни ламинирани фолии. За производителот, овој нов систем нуди економичност, бидејќи се заснова на Рrofine 76 mm платформата. Уште една предност е што елементите немаат видливи окови. Прозорците и вратите може да бидат опремени со двослојно или трослојно застаклување.

PremiDoor 76

На последниот Fensterbau Frontale саем, ја дополнивме понудата на PremiDoor 88 со PremiDoor 76 варијанта, со праг систем без пречка, во стандардна изведба. Двата системи на подигнувачко лизгачки врати се вистински погодок во премиум сегментот на пазарот. Се карактеризираат со одлична топлотна изолација, висока едноставност за користење и многу витка линиска изведба. Посебен акцент е ставен на крилото „Lux Design“ со изразено ниска висина на профилот од само 40 mm, што овозможува уште поголема стаклена површина и поголема соларна добивка. PremiDoor 76  е систем со континуирана конструкција од пет комори, кој благодарение на својата мала длабочина на вградување од 179 mm е идеален за реновирање и може да прифати стакло до 48 mm дебелина. Тесно видливата ширина на профилот до 65 mm на рамката, 100 mm на крилото и 103 mm на средниот пресек, осигуруваат високо ниво на светлина. Со U-вредноста од 1,4 W/(m²K), PremiDoor76 веќе во стандардната варијанта доаѓа со одлична топлотна изолација за подигачко лизгачка врата.

PremiDoor 88

PremiDoor 88  е наш класик за висококвалитетна премиум подигачко лизгачка врата, има длабочина на вградување од 88 mm. Се одликува со одлична топлотна изолација U = 1,2 – 1,3 W/(m²K). Со изолациски стакла се постигнува U-вредност од  0,8 W/(m2K) дури и за пасивни куќи. Вистински благороден производ кој создава фасцинантна оптичка врска помеѓу ентериерот и градината или дворот.

За повеќе информации обратете се кај Рrofine BH ДОО, Живинице, БиХ.

A4 reklama MK 2020 margo 3mm_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top