Насловна / Вести / Топ 10 најлуксузни хотелски бањи

Топ 10 најлуксузни хотелски бањи

Бањите во хотелските соби кога се квалитетно дизајнирани и креирани со применет висок комфор, можат да бидат како приватен спа центар. Овие бањи дефинитивно нудат многу повеќе од очекуваното, пружајќи можност да се ужива во раскошно, декадентно и луксузно опкружување, создадено за уживање.

Хотел Rosewood, Лондон
Со туш кабина и када, ова купатило е облечено во мермер и се наоѓа во апартманот Manor House кој е со површина од скоро 200 квадратни метри. До апартманот се стига преку приватен влез и лифт.

лон2

лон1

Хотел Waldorf Astoria, Лас Вегас
Погледот од кадата во апартманот Penthouse Panorama View е најдобар кој оваа дестинација го нуди. Оваа бања целата е од стакло и содржи колекција од 20 Salvatore Ferragamo ситници за капење.

лас1

Hotel Grande Bretagne, Атина
Гледање телевизија во бања одамна не е нов концепт кога станува збор за луксузни хотели, но кога тоа се прави во раскошниот апартман на петиот спрат на Hotel Grande Bretagne, опкружени со син мермер чувството е раскошно. Погодностите на Acqua di Parma и сјајниот лустер над кадата придонесуваат на декаденцијата на оваа бања и нејзиниот луксуз.

брет1

Хотел The Muraka at Conrad Maldives Rangali Island, Малдиви
Доколку сте посакувале да миете заби под вода еве прилика. The Muraka at Conrad Maldives Rangali Island, има подводна спална соба, дневен боравок и бања со панорамски поглед на корали и морски свет. Целата оваа бања е облечена во стакло, нудејќи чувство дека тука сте само вие и морето.

малд1

малд2

Хотел The Silo, Кејп Таун
Славен по својата архитектура овој хотел отворен минатата пролет особено се истакнува по апартманот Royal apartman со површина од 140 квадратни метри. Бањата во апартманот е акцентирана со бои, раскошни огледала и лустери, како и со колекција на афричка уметност која ја собрал сопственикот на хотелот.

кејп1

кејп2

Hôtel de Crillon, Париз
По четиригодишно реновирање Нotel de Crillon од 18 век повтрно е отворен минатото лето, откривајќи ги своите апартмани кои ги дизајнирал Карл Лагерфилд, а кои се наречени Les Grandes Apartments. Додека се работело на бањате на ови величествени апартмани не се штедело, па така содржат 40 варијации на мермер. Кадата тешка два тона направена е од блокови Arabescato Orobico, темен мермер од Италија.

пар1

пар2

Хотел Viceroy Central Park, Њујорк
Бројни њујоршки хотели тврдат дека имаат прекрасен поглед на Central Park, но само еден има бања облечена во мермер со непречен поглед на зелената оаза. Апартманот 57, сместен на 28. кат ќе ве воодушеви бидејќи Central Park е неговата фокусна точка. И доколку сакате да се истуширате на брзина или да пиете шампањ во када, овој поглед ви е на располагање.

њу1

Хотел Il Salviatino, Фиренца
Кога ќе зачекорите во овој апартман, ќе си помислите дека сте се вратиле во минатото, бидејќи овој хотел е реновирана вила од 15. век во близина на Фиренца. Бањата во еден од апартманите ја краси фреска од 1886. година која ја изработил Alberto Bruschi. Тука се и две масла на платно на холандскиот сликар Gabriel van der Leuv. Кадата од антички римски камен пружа доживување кое е ретко.

фир1

фир2

Хотел Rome Cavalieri, Рим
Мермерното купатило во Penthouse apartman во овој хотел креирано е така за јасно да стави до знаење за својата аристократска репутација. Славините од Swarovski стакло се вистинско декадентно искуство, а од бањата се пружа извонреден поглед на вечниот град.

р1

р2

Хотел Laucala Island, Фиџи
Дизајнирана со поглед на смарагдно зелена вода, додека истовремено на своите гости им пружа чувство на изолираност, Overwater Villa во Laucala Island е најслуксузната единица за сместување на овој приватен островски ресорт на Фиџи.Бањата во овој апартман има када направена од едно парче полирано дрво, додека тушот на отворено поврзува со природата. Ова искуство акцентирано е со уникатни Laucala производи за капење, кои ги припрема спа центарот на одмаралиштето.

фи1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top