Насловна / Вести / Токио: Хотелски соби со симулатор за летање

Токио: Хотелски соби со симулатор за летање

Haneda Excel Hotel, кој се наоѓа на меѓународниот аеродром  Haneda во Токио, во својата понуда има собi со симулатор за летање кои sе базирани на кокпитот на  Boeing 737-800. Цената за ноќевање во една ваква соба чини 234 УСД, но самостојното користење на симулаторот е строго забрането. Имено, симулаторот се наоѓа веднаш до креветот, но заштитен е со транспарентна акрилна преграда. Доколку гостите сакаат да се испробаат како пилоти, ќе мора да платат час со инструктор, кој чини 277 долари за 90 минути. Притоа, с есимулира полетување од аеродромот Haneda во Токио, и слетување на аеродромот Itami во Осака.

Опремувањето на една ваква соба чинело 92.000 УСД, но менаџментот на хотелот е убеден дека инвестицијата брзо ќе им се исплати, бидејќи ваква „играчка“ нема ниту еден друг хотел во светот. Букирањето е достапно почнувајќи од 18-ти јули.

haneda1
Haneda2
haneda3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top