Насловна / Арт и дизајн / Тејт Модерн го отвора новиот галериски простор

Тејт Модерн го отвора новиот галериски простор

Денес (17 јуни), Лондон ќе стане побогат за уште едeн убав галериски простор, односно се работи за Tate Modern Switch House.

Во прашање е еден вид додаток на Тејт Модерн, кој инаку минатата година го посетиле речиси шест милиони луѓе. Овој импресивен проект е дело на швајцарското архитектонско дуо Жак Херцог и Пјер де Mеурон, а реализацијата и завршувањето на проектот траела речиси девет години.tejt modern london_3

Со овој додаток лондонскиот Тејт или Музејот на современа уметност во Лондон, ќе го зголеми својот простор за дури 60 проценти, а се работи за една од најзначајните културни инвестиции во последните две децении.tejt modern london_4

Switch House, чиешто здание има пирамидален облик, има 10 катови, додека ентериерот ќе има низа галерии со различни големини и форми, простор за привремени изложби, како и оние за одржување едукации и перформанси.tejt modern london_2

Се разбира, ќе има и ресторан на последниот кат со импресивна панорамска тераса со поглед на британскиот главен град.tejt modern london_1

Испрати коментар

Scroll To Top