Насловна / Вести / Студии на Универзитетот во Љубљана: Објвени роковите за упис!

Студии на Универзитетот во Љубљана: Објвени роковите за упис!

Пријавувањето за упис на прва година на додипломски и интегрирани магистерски студиски програми за кандидатите од Северна Македонија ќе се одржи од 20 февруари до 19 април 2024.

Универзитетот во Љубљана е најголемиот и најстариот универзитет во Словенија, а се рангира во најдобрите три проценти од универзитетите во светот. Во оваа студиска година на истиот студираат речиси 40 илјади студенти. Веќе неколку години по ред бројните меѓународни студенти доаѓаат токму од Северна Македонија. Во оваа студиска година на Универзитетот во Љубљана студираат 730 студенти, од кои 408 студент на додипломските и интегрираните магистерски студиски програми, 284 студенти на магистерските студии и 38 на докторските студии, а она што е најзначајно е тоа што студентите од  Северна Македонија можат да студираат под еднакви услови како и словенечките студенти.

Словенија склучи меѓудржавен договор со Северна Македонија врз основа на кој студентите од Северна Македонија се ослободени од плаќање на школарината за додипломските и интегралните студии, освен во случај кога тие претходно се стекнале со еквивалентен степен на образование. Школарината е задолжителна и за сите вонредни студенти и докторски студенти, при што постои можност на кофинансирање на докторските студии.

1

КОНКУРС ЗА УПИС 2024/25 – рокот за пријавување за додипломски и интегрирани магистерски студии е до 19 април 2024 година!

Во објавата на конкурсот за упис, којашто е објавена на нашата веб-локација, можете да го пронајдете линкот до eVŠ-портал преку кој сите кандидати се пријавуваат онлајн. На нашите веб-локации можете да најдете и повеќе информации за роковите на пријавување, како и да ги погледнете видеопрезентациите во врска со пополнувањето на пријавите и доставувањето на документите за признавање.

Годинава првиот рок за пријавување за упис во прва година на додипломските и интергрирани магистерски студии за кандидатите од државите кои не се членки на ЕУ ќе се одржи од 20 февруари до 19 април. Сите детали поврзани со пријавувањето, како и другите корисни информации можете да ги најдите во календарот на активности на нашата веб-локација.

Помош во постапката на пријавување и прием може да се побара во рамките на Инфо-точка, меѓутоа пријавувањето може да се изврши и со помош на советување преку веб-локацијата за постапката на пријава и прием за упис на додипломските студии. Ве предупредуваме дека за пријавување на Универзитетот во Љубљана не се потребни услугите што ги нудат агентите и агенциите за регрутација, бидејќи пријавата е мошне едноставна, а доколку се јави некаков проблем, истиот брзо се решава, а нашите служби може да ги контактирате во секој миг.

Роковите за пријава на магистерските и докторски студиски програми се разликуваат и се објавени во конкурсот за упис. Нашиот предлог е во објавата на конкурсот да се провери рокот на пријавувањето за саканата студиска програма.

ИНФОРМАТИВНИ ДЕНОВИ

На 16 и 17 февруари 2024 година ќе се одржат информативните денови на нашите факултети и академии, а додатни информации побарајте на нивните веб-локации.

Воедно ве повикуваме и да ни се придружите на 22 и 23 февруари 2024 година од 13 часот на онлајн презентацијата во којашто ќе учестуваат и нашите факултети, па ќе можете директно да му поставите прашање на претставникот на факултетот за којшто сте заинтересирани.

Исто така, на 1 март 2024 година во 14 часот ќе организираме и сесија на прашања и одговори, а во рамките на истиот настан ќе ви бидеме на располагање за сите ваши прашања.

Повеќе информации за условите за упис, за процедурата на прием, дозволата за времено престојување (виза) и уште многу други работи ќе може да најдете во видеото подолу.

 

Изборот на студиите е една од најважните одлуки во вашиот живот. Ви предлагаме добро да размислите кои се вашите интереси, бидејќи тоа мошне го олеснува и натамошното учење. Посетете ги нашите веб-локации и социјалните мрежи на факултетите што се од вашиот интерес, како и нашите штандови на виртуелниот саем на образование »Na koji ćeš faks« и дознајте сè што е потребно да знаете доколку ги бирате студиите на нашиот универзитет и подгответе ги своите прашања.

Оние коишто веќе интензивно се подготвуваат да дојдат да учат треба да знаат дека е многу важно да се добијат информации од „прва рака“ за тоа како изгледа да се биде меѓународен студент на Универзитетот од Љубљана!

Знаеме дека ова е навистина важно за идните студенти и се гордееме што можеме да ви ја претставиме новата серија на видеа „Со меѓународни студенти за…“ која има за цел да го претстави студирањето во Словенија и на Универзитетот од Љубљана. Во оваа серија нашите меѓународни студенти-амбасадори ќе одговараат на разни прашања вклучувајќи ги: зошто се одлучиле да студираат на Универзитетот од Љубљана, како е да се студира овде, дали наишле на некакви предизвици, кои се предностите на студирањето и уште многу други прашања што може да ги интересира тековните и идните студенти на Универзитетот од Љубљана, како и оние кои размислуваат еден ден да се запишат на факултет или на академија при нашиот Универзитет.

 

Меѓународните студенти амбасадори се овде и затоа да ви помогнат во случај на евентуелни двоумења, одговараат на сите ваши прашања во врска со студиите и со живеењето во Словенија, а меѓу другото се меѓу вашите први постојки на патот кон Словенија и Универзитетот во Љубљана, па токму затоа многу не радува што можеме да се поврзиме со вас и заедно со нив преку разговор со меѓународните студенти (Chat with international students). Овде ви стојат на располагање 15 меѓународни студенти од различни држави и различни факултети.

Доколку ви е потребен совет или помош, не двоумете се да ни се обратите. Ќе се обидиме да ви ги дадеме сите информации и одговори на сите ваши прашања. Среќно!

Кусите и корисните информации на македонски јазик можете да ги најдете на овој линк: https://www.uni-lj.si/study/presentation/study-macedonian/

www.uni-lj.si/study

3

Испрати коментар

Scroll To Top