Насловна / Вести / Студентите денес ќе предаваат за ГТЦ

Студентите денес ќе предаваат за ГТЦ

studenti za gtc

Во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, денес (09.04.2015) со почеток во 18 часот студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржат предавање и прошетка низ ГТЦ.
Предавањето започнува на платото на ГТЦ од страната на „Жена парк“.
Секој заинтересиран граѓанин кој сака да дознае повеќе за културните и архитектонските вредности на објектот, неговиот историјат, но и други интересни факти врзани за ГТЦ, можат слободно да дојдат и да го проследат предавањето.
Преку прошетка и демонстрација на автентични фотографии и други материјали, студентите ќе го доловат духот и значењето на Градскиот трговски центар, додека пак преку интерактивна презентација ќе ја аргументираат важноста од зачувување на автентичноста на неговиот изглед.

Испрати коментар

Scroll To Top