Насловна / Вести / Студенти по етнологија, антропологија и сродни дисциплини од Балканот на 27 и 28 април во Скопје

Студенти по етнологија, антропологија и сродни дисциплини од Балканот на 27 и 28 април во Скопје

Во организација на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, и на мрежата за соработка „Преминување на границите” (Border Crossing) која обединува поголем број универзитети од регионот, на 27 и 28 април (петок и сабота), ќе се одржи 16-тата меѓународна студентска конференција, на студенти по етнологија, антропологија и сродни дисциплини.studenti

Мрежата Border Crossing е воспоставена во 2003, како начин за обединување и соработка на професори и студенти од различни балкански универзитети, во областите на социјалната и културната антропологија, фолклорот, балканските студии и историјата.

На дводневната конференција студенти од повеќе земји на додипломски, постдипломски и докторски студии ќе претстават свои истражувања на главната тема – „Културното наследство на Балканот: граници, претстави, толкувања, практики на заштита и туристички перспективи“, како и на бројни подтеми.

Испрати коментар

Scroll To Top