Насловна / Вести / Кинезите со одлична идеја за спречување пешаци да поминуваат на црвено

Кинезите со одлична идеја за спречување пешаци да поминуваат на црвено

Локалните власти на градот Даје во кинеската провинција Хубеј смислиле начин како да ги спречат пешаците да поминуваат на црвено светло. Доколку не почекаат да се запали зелено светло ги прскаат со вода.
Полицијата одобрила инсталирање на пет жолти столбови на секое пешачко острово на најпрометната раскрсница. Столбовите се опремени со неколку методи наменети да ги одвратат пешаците да поминат на црвено.

12345
Чајна дејли пренесува дека столбовите се опремени со звучен систем кој ги информира пешаците кога треба да ја поминат улицата со зборовите.„Светлото сега е зелено. Ве молиме поминета ја брзо улицата и внимавајте на својата безбедност“. Другата порака на пешаците им вели да не тргнуваат да поминуваат прерано: „Ве молиме да не поминувате. Ќе бидете испрскани со вода“. Оние кои не го почитуваат предупредувањето, заканата ќе биде исполнета. Сензорите за движење ги регистрираат пешааците кои ја поминува улицата пред да се запали зеленото светло и тие се испрскани со вода.

Испрати коментар

Scroll To Top