Насловна / Вести / Стартуваше изградбата на нов електроенергетски објект во Хрватска

Стартуваше изградбата на нов електроенергетски објект во Хрватска

Започна изградбата на нов блок во EL-TO Zagreb со инсталирана моќност од 150 MW електрична енергија и 114 MW топлинска енергија, чии очекувања за проесечно производство се околу  675 GWh електрична енергија годишно,  450 GWh топлинска енергија и  160 GWh процесна пареа годишно. Вредноста на проектот изнесува околу 120 милиони евра, па воедно претставува најголемо поединечно вложување на  HEP (Hrvatska Elektroprivreda) во нови производни капацитети во последните десет години.  Новата електрана ќе обезбеди топлинска енергија за 80.000 жители од западните делови на Загреб, и ќе има значаен придонес во производството на електрична енергија за хрватскиот електроенергетски систем.  Со оглед на фактот дека станува збор за високоефикасна когенерациска постројка со повисок степен на ефикасност (над 90%) споредено со други слични постројки, тогаш и потрошувачката на природен гас ќе биде за 25% пониска. Тоа ќе резултира во намалена емисија на јаглерод диоксид годишно за околу 150 000 t. Испорачател на опремата е германскиот гигант Siemens. Изградбата неодамна започна со симболично положување на камен темелник, а доколку активностите се одвиваат според планот, истата ќе трае две години.

Новиот блок го гради италијанската компанија FATA (членка на групацијата Danielli), која таа зделка ја има добиено на тендер спроведен според правилата на EBRD, а како подизведувачи учествуваат повеќе хрватски компании.

eltozagreb1

eltozagreb3

eltozagreb4

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top