Насловна / Архитектура / Стар деловен објект трансформиран во современ дом

Стар деловен објект трансформиран во современ дом

Архитектонското студио со локација во Банког, Idin Architects, трансформирале поранешен деловен објект во современо место за живеење. Објектот е со локација во главниот град на Тајланд и иститот има вкупно 7 ката, а на приземјето се наоѓаат простории за работа на семејниот бизнис со накит.

слика-1 слика-2 слика-3 слика-4

Архитектите го искористиле постоечкиот скелет на објектот, кој што бил во фаза на распаѓање и реализирале повеќе станови на различни нивоа. Секоја од станбените единици зафаќа два ката и содржи дневен простор, спални простории и кујна. На кровот се наоѓаат заеднички простории каде што е поставена и заедничката трпезарија за целото семејство.

слика-5 слика-6 слика-7 слика-8 слика-9 слика-10 слика-11 слика-12 слика-13

Испрати коментар

Scroll To Top