Насловна / Вести / Србија нов партнер на Азербејџан во диверзификацијата на гасниот пазар во Европа

Србија нов партнер на Азербејџан во диверзификацијата на гасниот пазар во Европа

Претставниците на гасните компании „Србијагас“ и азербејџанскиот SOCAR, потпишаа во Баку комерцијален договор кој ќе овозможи испорака на до 400 милиони кубни метри гас годишно од Азербејџан во Србија. Исто така потпишан е и Меморандум за соработка помеѓу двете земји во областа на енергетиката.

србија1

Министерката за енергетика и рударство на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, рекла дека по завршувањето на гасниот интерконектор со Бугарија,што се очекува веќе во наредните недели, Србија ќе има уште еден снабдувач со гас во Азербејџан. Таа додала дека потпишаниот Меморандум за соработка во областа на енергетиката, носи и други можности, како што е испораката на течен природен гас преку терминалите во Турција и Грција, како и потенцијална соработка во изградба на складишта на гас и гасни електрани.

србија2

 

Испрати коментар

Scroll To Top