Насловна / Вести / Спој на конструкција, архитектура и пејзаж

Спој на конструкција, архитектура и пејзаж

ПРОЕКТ ЗА КОНСТРУКЦИЈА

Leonhardt, Andrä und Partner

ИНВЕСТИТОР

Tiefbauamt Kanton St. Gallen

ЛОКАЦИЈА

Бад Рагаз, кантон Ст. Гален, Швајцарија

ИЗВЕДУВАЧИ

Strabag AG, Glattbrugg, Ј. Ерни АГ, Филмови Дорф, Мезиербау АГ / Балзерс 

АРХИТЕКТ
Volkhard Angelmaier

qfqhj5tj3l7bszpo

Мост на преминот преку клисурата Тамине, во месноста Баг Рагаз , во кантонот Ст. Гален, Швајцарија.

Ако постои дело во кое се содржат најдобрите инженерски, конструктивни решенија,  архитектонска структура и беспрекорно вклопување во амбиентална содржина тоа е секако овој проект. Тоа е највисок лачен мост , некогаш изграден во Европа, кој премостува клисура со висина од 200 метра. Конструкцијата е асиметричен арм.бетонски преднапрегнат лачен распон од 259 метри, со вкупна должина од 414м. или  475.4м со потпорниот зид на сводот / столбовите/ …

Арката / лакот / со нејзината надградба формираат крута преднапрегната решеткаста конструкција, монолитно поврзана со лачната конструкција од косо поставените столбови.

dl0in6k8eff6yxag

Мошне импресивен е и самиот систем на градењето на мостот, со поставени два пилона од двете страни на кањонот со различни висини од 107 и 78 метри на кои се обесени привремените кабли за држење на конструктивните сандачести елементи.

csm_tamina06_web_c516740711

Највисоките конструктивни сандачести носачи се со h-4 метри кај темелните и 2,2 метри во областа на круната. Главната конструкција на носачите е под плочата на коловозот.

750px-TaminaArchRebar

Мислењето на комисијата / жирито / за доделената награда  Struktural Awards 2018

Ова е без сомнение уникалено решение и комисијата беше импресионирана од елеганцијата, едноставноста, чистотата и економичноста на проектот. Комисијата (жирито) ја истакнува успешноста, спретноста на конструктивниот систем како и извонредниот начин на вклопување со спектакуларната околина. Овој бетонски лак (арка) е проектирана во најдобриот манир на Cristian Menn и Robert Maillart при што овие инженери креирале извонреден проект од светска класа.

750px-140811-Valens-Bewehrungsarbeiten-Bogen

На комисијата (жирито) и се допадна чистата распонска конструкција потпрена на закосени столбови поставени во радијален ред и високиот достигнат степен на транспарентост со атрактивен ритам на распони во однос на решеткастата основа.

Транспарентноста е нагласена со витките коси потпирачи постигнати со прецизно изведени бетонски споеви(зглобови).

Двата крајни потпирачи кои се надоврзуваат на краевите на лакот (арката) прават силен впечаток на визуен и физички ефект, кој работи како дел од целиот рамовски систем со елегантни распони на решетката.

750px-TaminaDownViewByArnoldHoffman

Поради поголемите распони меѓу столбовите и фундирањето по бреговите е изведено невообичаено. Мостот е потпрен само на четири темели фундаменти, поедноставувајќи ја целата конструкција со необично економична шема.

036-Tamina-Canyon-Crossing-1а

За некои проекти изборот на деталите и извонредните фотографии кажуваат доволно за секој/ а особено градежната фела/ да може да ја разбере содржината и убавината на делото.

036-Tamina-Canyon-Crossing-8

Технички податоци

Изградба: период 2013-2016

Трошоци: од 36,7 милиони CHF

Вкупна должина: 475 метри

Ширина на коловозот: 9,50 метри

Бетонски количини: 14.000 кубни метри

Арматура: 3.500 тони

Кабли: 190 t

Ископување: 25.000 кубни метри

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top