Насловна / Архитектура / Спектакуларна куќа на Бел Ер

Спектакуларна куќа на Бел Ер

Во Лос Анџелес на Бел Ер има бројни импресибни мега-вили, но неколку се навистина архитектонски значајни.

07_resize

Позната како Orum House, оваа новизградена вила со површина од речиси 2.000 квадратни метри е дело на архитектот Золтан Пали од архитектонското биро  „SPF: rchitects“, со три различни крила и секое има различен правец во однос на централниот дел.  Трокатната градба со форма на три-крилна елиса, завиткана е во стакло, што овозможува импресивни погледи на  Лос Анџелес.

08_resize

„Инвеститорите сакаа луксузна куќа, во која ќе можат да приредуваат големи настани и да го угостат своето проширено семејство“, вели Пали за ArchDaily и додава „нашиот одговор беше да ја дистрибуираме програмата низ три ‘ножа’ кој зрачат од централниот чвор и сметам дека и покрај големата квадратура, успеавме да создадеме дом кој е топол и функционален“.

Како целина Orum се издига на два ката над теренот, а третиот кат е вкопан во ридот.

04_resize

Програмски, резиденцијата е поделена на три нивоа од кои секое се состои од три крила. Во подрумот покрај гаражата, сместени се и професионална кујана и вински подрум за 1.000 шишиња, спа и сауна, како и домашно кино. Во приземјето се сместени влезните и заеднички простори за собирање, додека горниот кат е посветен на приватните простории.

06_resize 05_resize

На горните катови се спалните соби, ги има вкупно девет. Во југозападното и југоисточното крило на куќата сместени се главната спална соба во цело крило и мини мастер апартмани од кои се протега поглед на градот и океанот со агол од  270 степени. Спротивно на ова, помали спални соби сместени се во внатрешноста на северното крило и опфатени се со соседните ридови и задната градина, овозможувајќи интимно чувство, слично како во куќа со дрвја.

03_resize

Надворешниот простор вклучува кујна, две јами за оган и LED-осветлен базен. Целата вода од покривот, балконот и дворот е насочена кон подземен резервоар од 7.000 галони за наводнување на градината. Главната гаража, исто така служи како простор за настани и може целосно да се отвори од двете страни.

010_resize

Со цена од 55 милиони долари, спектакуларната вила им овозможува на сопствениците константно да уживаат во величенствениот поглед. Кога се временските прилики добри, може да се види и океанот.

01_resize 011_resize 02_resize 2_resize 012_resize 014_resize басе1_resize грунд_resize фирст_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top