Насловна / Архитектура / Сончев центар – Одржливоста во преден план

Сончев центар – Одржливоста во преден план

На австралиската компанија K20 Architecture и е доверено дизајнирање на друштвено-корисен објект во Бејсатер, предградие на Мелбурн, Викторија. Компанијата има направено импресивна одржлива зграда која користи рециклирани материјали и се напојува со соларна енергија и исто така користи системи за собирање дождовница.

solaren
Објектот „Bayswater Early Years Hub“ или подобро познат како „Сончоглед“ е изграден во 2019 година и зафаќа површина од 1.820 квадратни метри. Сместен е во центарот меѓу училиштето и кугланата.
Зградата е во форма на две споени структури во облик на буквата У, а фасадата е претежно изработена од тула која е направена во локален објект за отпад. Исто така, содржи рециклирана граѓа, дрва од паднати дрвја и камен ископан од локално место.

solaren1
Главниот двор содржи опрема за игралиште за деца, а има и направи за вежбање на возрасни, како и засолништа и места за седење и дружење. Внатрешноста се карактеризира со застаклени sидови и фасади за да се зголеми природната светлина што влегува во зградата.
Внатре има простори за давање разни услуги, како на пример грижа за мали деца (активно и пасивно учење, експериментално учење, итн.), здравствени услуги за бремени жени и мајки, вклучително и кујна, бањи и други вообичаени услуги.

solaren2
Покривот е со соларни панели, кои се поврзани во серија. Овој систем е дизајниран да работи офлајн во поголемиот дел од годината, но има и мрежна врска што се очекува да се користи околу две недели годишно, во зависност од временските услови.
Покрај тоа, системот за собирање дождовница е поврзан со резервоари за вода и се користи за испирање на тоалети, перење и наводнување. Инсталирани се и системи за набљудување на потрошувачката на енергија.
Од компанијата K20 Architecture велат дека примената на принципите на пасивно дизајнирање на објектите, пристапот до природна светлина за внатрешни простори и контролата на сонцето ја намалуваат зависноста од вештачко осветлување и климатизација. Редовите на соларни панели, собирање на дождовница и други одржливи елементи ја дефинираат зградата. Овој проект обезбедува економска одржливост со намалување на трошоците за одржување и има крајна цел да го подобри животниот циклус на една зграда повеќе од 100 години, како и здравјето и благосостојбата на целата заедница.

solaren3

Испрати коментар

Scroll To Top