Владата на Словенија пред извесно време ја започна постапката за затворање на единствената термоелектрана на јаглен во земјата – ТЕ „Шоштањ“, а сега на дневен ред е и рудникот за јаглен „Велење“. Словенија веќе го затвори рудникот за јаглен Трбовље – Храстник во Засавје, кој заедно со Шалешкиот регион, ги претставува двата словенечки региони за јаглен од вкупно 31 во Европската Унија.

Slovenija, Sostanj, 09.10.2008, 09. Oktober 2008
Tabla premogovnika Velenje uprava skupine HSE.
Foto: Bor Slana/BOBO
Премиерот Роберт Голоб иал повеќе состаноци со претставниците на локалните власти во Велење, менаџментот на рудникот, како и со претставниците на синдикатите, но и бизнис заедницата. Владата истакнува дека ќе ја заштити социјалната сигурност и работните места преку трансформација на локалната економија, со цел да се обезбеди праведна транзиција.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија