Насловна / Вести / Словенија и Бугарија добија 76 милиони евра од ЕУ фондовите за два прекугранични далеководи

Словенија и Бугарија добија 76 милиони евра од ЕУ фондовите за два прекугранични далеководи

Европската унија му одобри 48,2 милиони евра на словенечкиот оператор на преносниот систем ELES, во рамките на програмата Connecting Europe Facility (CEF), за изградба на првиот далековод помеѓу Словенија и Унгарија, како и 28,6 милиони евра на бугарскиот оператор на преносниот систем за изградба на далековод помеѓу Бугарија и Грција.

transmission lines3

Интерконекцијата Цирковице (Словенија) – Жерјавинец (Хрватска)/Хевиз (Унгарија), претставува вкупна инвестиција од 102,5 милиони евра, додека за интерконекцијата Mарица Исток 1 (Бугарија) – Неа Санта (Грција), потребни се 56 милиони евра.

Изградбата на интеконекцијата Словенија – Унгарија, ќе овозможи пристап на регионот кон енергетските пазари на истокот, како и подобрување на сигурноста на снабдувањето. Проектот, исто така е неопходен и за успешно завршување на проектот на паметни мрежи Sincro Grid. Интерконекцијата за која е задолжен бугарскиот оператор на преносниот систем подразбира изградба на нов 400kV далековод помеѓу Бугарија и Грција, со должина од 122 километри на бугарска и 29 километри на грчка територија.

transmission lines

transmission lines2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top