Насловна / Вести / Ширум ЕУ веќе изгореа 600.000 хектари во шумски пожари

Ширум ЕУ веќе изгореа 600.000 хектари во шумски пожари

Ова лето во земјите од ЕУ, во шумски пожари изгорела два пати поголем аповршина од Луксембург, и станува збор за втора по големина изгорена област откога се следат овие податоци, осносно од 2006 година. Ова го покажува анализата на Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ (JRC). Десетина европски земји оваа година имаа големи пожари кои за последица имаа евакуација на население, материјална штета и сл. Италија, Франција и Шпанија и натаму се под сериозен ризик од пожари.

jrc1

Податоците покажуваат дека оваа година досега во земјите членки на ЕУ изгорела површина од 600.731 хектар. Во 2017 година изгореле рекордни 987.844 хектари. Сезоната на пожари во медитеранскиот регион обично трае од јуни до септември. За почестото избивање на пожарите придонесуваат и климатските промени, односно се подолгите периоди на топло и суво време.

jrc2

 

Испрати коментар

Scroll To Top