Насловна / Архитектура / Шилегов: Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град

Шилегов: Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град

Градоначалникот Петре Шилегов вчера присуствуваше и се обрати на отворањето на Share конференцијата во Скопје, во Националната филхармонија.

Silegov

„Овој форум на архитекти и инженери е од исклучително големо значење за нашиот град заради можноста за размена на искуства и идеи од областа на архитектурата и градежништвото како основен предизвик за секој современ град. Оваа конференција е особено важна за нас како локална власт и заради отпочнувањето на процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032 е уште еден предизвик кој верувам дека ќе биде инспирација за многу дискусии и во рамките на оваа конференција. Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП на Град Скопје повеќе од потребна му е поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа“, рече Шилегов.

Тој додаде дека од позиција на градоначалник се залага за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување одржлив развој, визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација, соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад, како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top