Насловна / Вести / Секој прозорец – соларен панел

Секој прозорец – соларен панел

Замислете секој од прозорците во Вашиот дом да произведува електрична енергија! Калифорнискиот стартап ClearView Power смета дека има начин како ова да се реализира. Имено, тие развиле технологија која со користење на енергијата на Сонцето може да генерира доволно електрична енергија за снабдување на потребите на едно домаќинство.  Станува збор за т.н соларно стакло кое сончевата светлина ја претвора во електрична енергија. Примената на оваа технологија е широко распространета: прозорци на индивидуални куќи, станбени згради, автомобили, но и на стаклата на телефоните. Специфичноста на новата технологија е во органската боја со која се премачкуваат стаклените површини.  Производството на прозорските соларни панели е еднакво на околу 2/3 од енергијата на класичните фотоволтаици. Нивното инсталирање е нешто поскапо од инсталирањето на „обичниот“ прозорец, односно за околу 20%.

Сепак, со нивното користење може да се постигне нулта нето потрошувачка на енергија кај големите објекти, односно оние тие би можеле да произведат онолку енергија колку што имаат потреба да потрошат.

 

clearview1

clearview2

clearview3

Испрати коментар

Scroll To Top