Насловна / Вести / Секое лето е „кралско“ доколку го поминете во друштво на Бугенвилија

Секое лето е „кралско“ доколку го поминете во друштво на Бугенвилија

Бугенвилија (латински Bougainvillea) е прекрасно растение кое најдобро успева во медитерански услови, па најубавите и најраскошните можат да се видат на Јадранското, Јонското, Егејското, Црното и Тиренското море. Најчесто се одгледува како ползечко разтение на балконите. Се користи и како ограда поради неговото брзо и долго растење и преубавите цветови.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

7_resize

Секое лето можете да го наречете „кралско“ доколку го поминете во друштво на оваа медитеранска убавица која е вистински цветен раскош на летните денови. Бугенвилијата исто така ја нарекуваат и богумила (се вели „и на Бога му е мила“). Ова растение е неверојатно, со многу атрактивни и густи цветови со јарки бои.

2_resize

3_resize

Најубаво е кога е најтопло и кога сонцето е најсилно. Ова се основните услови за нејзиниот раст. Ужива голема популарност, навистина има многу скромни барања. Што се однесува до бојата на цвеќињата, можете да изберете – од бела до портокалова, црвена, розова, виолетова. Секоја е неверојатна летна сцена. Има силно стебло и долги гранки кои ползат.

Може да порасне и до 15 метри и денес постојат варијанти кои се селектирани за одгледување во саксии.

8_resize

10_resize

Бугенвилијата цвета од средината на пролетта до доцна есен и тоа е нејзината магија. Цути неуморно се додека е топло и додека температурите не паднат под 10 Целзиусови степени. Цветовите се мали и незабележителни, но прицветните листови се всушност она што ние го нарекуваме цвеќиња на ова растение. Овие лисја не ја губат бојата дури и при пониски температури, така што ефектот на полно цветање навистина трае многу долго.

9_resize

15_resize

Бара редовно подкастрување на секои 4-5 недели, за побрзо да се разгранува и добива се поубава форма. Не трпи мраз и ладно. Почвата треба да биде цедлива, но да задржува влага. А за размножување може да се користат резници зелени или зрели.

12_resize

14_resize

Бугенвилијата прв пат е класифицирана во 1768 година од францускиот ботаничар Комерсон Филберто. Нејзина татковина се смета Јужна Америка, поточно Бразил и постојат околу 18 видови со висина на раст од 1-15 метри. Во Европа е донесенo во XIX век благодарение на францускиот адмирал Louis Antoine de Bougainville по кого и го добила името.

16_resize

4_resize

1_resize

12_resize

13_resize

6_resize

11_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top