Насловна / Вести / Се забранува пластиката за еднократна употреба

Се забранува пластиката за еднократна употреба

Европската унија постигна договор за забрана за употреба на пластика за еднократна употреба, како што се пластични тањири или сламки. Промените би требало да стапат во сила за две години. За воведување на забраната гласале 571 пратеник, додека 53 члена на Европскиот парламент биле против.

plastichni-sadovi1

Австриската министерка за одржливост и туризам Елисабет Кестингер напиша на Твитер дека е постигнат договор, истакнувајќи дека станува збор за „пресвртница во напорите да се намали пластичниот отпад“.

Рамковниот договор треба службено да го потврдат земјите членки на ЕУ и Парламентот на ЕУ.

Според ЕК, планот носи огромни еколошки предности. На пример, испуштањето на ЦО2 би требало да се намали за 3,4 милиони тони, а до 2030 година да се спречат еколошки штети во вредност од 22 милијарди евра. Потрошувачите пак, би можеле да заштедат 6,5 милијарди евра.

Европската комисија во мај предложи забрана на повеќе пластични производи за еднократна употреба за кои постојат алтернативи кои не се од пластика, вклучувајќи и еднократни пластични садови за храна. Меѓу тие производи се, на пример, балоните. Капачињата на пластичните шишиња за еднократна употреба ќе смеат да се употребуваат уште пет години по стапувањето во сила на забраната за пластични производи за еднократна употреба, но само доколку се врзани за шишето, за да не завршуваат одделно во природата.

plastika-pribor

Повеќе од 80 проценти од отпадот во морињата е пластика, предупреди ЕК.

Пластичниот отпад е голем проблем затоа што бавно се разградува и во морските животински видови како што се желките, китовите или птиците често се пронаоѓаат пластични отпадоци, но и во морските плодови со кои се хранат луѓето.

Испрати коментар

Scroll To Top