Насловна / Вести / Се реновира етномузејот во село Бистрица

Се реновира етномузејот во село Бистрица

etnomuzej bistrica

Етномузејот во село Бистрица годинава се реновира и збогатува со поддршка на Министерството за култура и Општина Чашка, а за посетителите е отворена и сувенирница, пренесе МИА.

Музејот работи од јули 2007 година и е сместен во објект на старото селско училиште во Бистрица. Со него раководи Здружението на граѓани „Разбој“ од Велес.

Постановката првично имаше стотина предмети, а сега е збогатена со над 500.

- Тука може да се види стар разбој, кацела, резбани сандак за невестинска рува, многу ретки предмети, како еден ибрик постар од 130 години. Во етномузејот  има и стомни кои се вообичаени за овој крај но и многу стари и ретки. Синија, многу бочви, качиња, пиростија, црепки и ѓумчиња, утија (пегла на жар) и еден редок шајкач од чиста волна кој го носеле овчарите, објасни Гоце Станчев, претседател на здружението „Разбој“.

Целта на етномузејот, вели тој, е да се зачуваат корените на културното наследство од овој крај. Тој информира дека во план е уредување на неколку соби во кои ќе има грнчарска и ткајачка работилница.

Воедно, уште четири или пет камени куќи од стара македонска архитектура во село Бистрица, во план е се уредат за туристите, што ќе придонесе  за развој на руралниот туризам.

- Селото и неговата околина на 650 метри надморска височина  изобилува со прекрасна природа, стари рурални  куќи со стара македонска архитектура и бројни споменици на културата, додаде Станчев.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top