Ново истражување покажува дека 28 најнаселени градови во САД, меѓу кои се Њујорк, Чикаго, Далас и Денвер, тонат помеѓу 2 и 10 mm годишно.

Со користење на сателитски радарски мерења, тимот на истражувачи од Политехничкиот институт Вирџинија и Државниот универзитет, развил мапи со висока резолуција, кои прикажуваат спуштање на тлото во поголемите американски градови. Градовите во Тексас покажуваат најголеми стапки на тонење, каде предничи Хјустон. Истражувачите заклучиле дека тонењето во урбаните подрачја во повеќе од 80% се должи на исцрпувањето на подземните води за употреба на човекот. Со растењето на градовите, овој проблем може дополнително да се влоши. Ваквата појава секако претставува сериозен ризик за дестабилизација на зградите и инфраструктурата. Истражувањето е објавено во часописот Nature Cities.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија