Насловна / Вести / Сафари паркот во Мексико пренесуваше во живо раѓање на слон (видео)

Сафари паркот во Мексико пренесуваше во живо раѓање на слон (видео)

Младенчето на африканскиот слон, чие раѓање минатата недела, сафари паркот во Мексико го пренесуваше во живо, го доби името Зум, по апликацијата која стана популарна за време на пандемијата на коронавирус.

Тоа е шесто слонче родено во сафари паркот во Пуебла, југоисточно од главниот град, во стадо слонови спасени пред осум години од Намибија, каде им се заканувале ловокрадци.

„Раѓањето слон ретко може да се види“, изјавил Френк Карлос Камачо, директор на африканскиот парк „Сафари“, каде минатата недела слончето си играше околу нозете на мајка си.

„Следењето на пристигнувањето на слоновите на свет е многу корисно за науката“, вели Камачо.

Управата на паркот наведува дека сака слоновите да се вратат во Африка.

„Тие не се наши. Тие му припаѓаат на светот“, вели Камачо. „Ние сакаме тие да бидат во Африка, но тековните околности се мошне тешки“.

За да се донесе слон на свет, бременоста на мајката трае 22 месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top